Како да го одберете вистинското лепило за вашиот под? - Lav Komerc
blog
Posted in

Како да го одберете вистинското лепило за вашиот под?

Posted in

За да го обезбедите најдоброто од вашиот под, важно е да го направите вистинскиот избор на материјали кои ги користите при монтажата.

Лепилата се користат за поставување и фиксирање на даските на подната основа, обезбедувајќи долгорочна стабилност и издржливост на подот. Најмногу се разликуваат по нивниот состав, како и според тоа за кој тип на под се наменети, а обезбедуваат квалитетна покриеност во различни услови.

При избор на соодветно лепило за вашиот под, важно е да обрнете внимание на неговиот состав, на супстанците врз кои е базирано, како и на тоа кои придобивки за подот ги обезбедува. Важно е лепилото да обезбедува помала акустичност во просториите и добра адхезија, како и соодветна водоотпорност. Исто така, треба да внимавате лепилото да биде сертифицирано, хипоалергено, без употреба на штетни хемикалии во составот.  Доколку имате поставено систем за подно греење, осигурајте се дека лепилото е погодно за инсталација. 

Наш предлог се високо квалитетните лепила од Италијанскиот производител Chimiver, погодни за обработка и одржување на секаков тип на подови.

Еднокомпонентно лепило Adesiver Elastic – се користи за лепење на секаков вид на дрвени подови, обезбедува одлична трајност на подот и е погоден за простории каде има поставено подно греење.  

Двокомпонентно лепило Sigol – се препорачува за лепење на секаков вид на дрвени подови, паркети или ламинати.

Погледнете некои од нивните карактеристики:

  • Хипоалергени
  • Супериорна технологија
  • Сертифицирани
  • Долготрајни
  • Погодни за подно греење

Посетете нѐ во нашите салони и истражете го целиот асортиман на лепила погодни за секаков тип на подови со одличен и долготраен квалитет.

Join the conversation

На врвот