Кои подови се идеални за поставување над систем за подно греење и на што да обрнете внимание при поставувањето? - Lav Komerc
blog
Posted in

Кои подови се идеални за поставување над систем за подно греење и на што да обрнете внимание при поставувањето?

Posted in

Подното греење претставува комплетен систем кој се поставува на целата површина на просторијата под подните облоги. Овој систем станува сè поприфатлив и распространет метод за греење во многу објекти во поново време. Причини има многу, а посебни поволности се овозможени во областите кои луѓето најмногу ги засегаат и посакуваат – економски и здравствени. Предноста на подното греење во споредба со конвенционалното греење е во најголема мера удобноста и високата ефикасност.

Топлината на системот за подно греење се пренесува на подните облоги и конструкции, поради што целиот под се претвора во грејно тело. Бидејќи подното греење најприродно ја дистрибуира топлината во вашиот простор, важно е да изберете соодветна подна облога.

Пред инсталацијата на подното греење, корисникот мора да провери дали одредената подна облога е погодна за инсталација над систем за подно греење. Исто така, правилата и препораките на производителот секогаш треба да се следат без исклучок. Важно е да се нагласи дека сите подни облоги не се погодни за системи за подно греење, а во овој блог ќе ви прикажеме кои подови се компатибилни со цел да можете да ја изберете најдобрата опција за себе и за вашиот простор.

Трослојни и двослојни паркети

Трослојните и двослојните паркети се идеален избор за вградување во простории каде што има системи за подно греење. Во споредба со еднослојните паркети, тие обезбедуваат значителни придобивки: нема сушење, не се појавуваат несакани пукнатини помеѓу паркетните парчиња, обезбедуваат поголема стабилност при температурни разлики, а паркетот ја задржува својата функционална намена како компактна подна облога.

Трослојните и двослојните паркети се сè по присутни во домовите, монтажата е брза и се неверојатно издржливи и трајни. Трослојниот паркет е изработен од три дрвени слоја кои се меѓусебно поврзани со лепило, сочинувајќи една паркетна летвичка. Нивната структура се состои од долен слој за стабилизција, средишен носечки и површински горен слој со крајна посакувана структура. Двослојниот паркет е изработен од два слоја на дрво, долен носечки и површински горен слој со крајна посакувана структура. Ваквата структура на повеќеслојни паркети е една од најдобрите подни облоги за подно греење, бидејќи специфичната конструкција ја зголемува стабилноста на дрвото. Дополнително, поради нивната висока топлинска спроводливост, овие подови се идеално прилагодени за поставување над систем за подно греење. 

Овие подови, покрај функционалните предности нудат и естетски предности – издработка различни видови на финиш кои модерната технологија на производство  ги  овозможува. Сепак, важно е паркетот да има соодветна големина и дебелина (10-15 mm), да се користи вистинскиот лепак погоден за високи температури, (не секој лепак се користи за подно греење), како и да се избере вистинскиот тип на дрво – даб, орев, ироко, и сл.

Ламинати

Како и трослојните паркети, така и поставувањето на ламинат во просторијата е едноставно, воедно и економично решение. Ламинатот како изджлив, еколошкиекономичен претставува идеална замена за паркет. За да има функционално подно греење, потребно е да се обезбеди добра топлинска спроводливост на ламинатот.

Ламинатите се добри преносители на топлинската енергија при подно греење. Важно е да се нагласи дека само одредени видови ламинати можат да одат во комбинација со системите за подно греење, а се однесува на оние ламинати во класата на обработка 32 и 33. 

Винилни подови

Винилни или LVT подовите се карактеризираат со супериорен дизајн, исклучителна отпорност, издржливост и леснотија на одржување, а имаат една главна карактеристика: водоотпорност. Овие подови може да се направат во различни форми како што се со облик на паркет, плочки или да бидат во ролни.

Поради нивната дебелина (3-7mm), овој тип на подна облога е одличен во спроведување на топлина, односно има исклучително висока спроводливост на самата топлина во просторијата.

Поради модерната технологија, овие подови нудат различни опции за инсталација, а најфлексибилен начин е инсталацијата со т.н. „клик-систем“ во кој винилниот под тешко може да се разликува од паркет или ламинат. Предност е и тоа што не мора да се лепи при поставување на подот и може да се моделира.

Изборот на најсоодветен систем за подно греење за ваквите подови зависи од местото на инсталација; бања, кујна, спална или дневна соба. Не се препорачува монтажа во простории со големи загуби на топлина, а во просторијата мора да се инсталира термостат.

Па, кој е најдобриот избор? 

​​Најдобриот избор на под за простории каде што има систем за подно греење се подови со добра топлинска спроводливост бидејќи обезбедуваат повеќе топлина, побрзо се загреваат и поефикасно ја одржуваат топлината. Тоа не значи дека не може да се користат помалку спроводливи материјали како додаток на подното греење, но важно е да се земе во предвид помалата ефикасност на топлинската енергија, односно повисоките трошоци. При монтажата, мора строго да се почитуваат правилата за поставување на подот и препораките на производителот за да не се оштетат подовите за време на инсталацијата. Производот секогаш треба да располага со соодветен сертификат за подно греење и изразена термичка спроводливот.

Еднакво важно е да се напомене дека температурата на површината на подните облоги не треба да надминува 27°C, што се однесува на сите типови на подови.

Како правилно да го поставите системот за подно греење за да добиете максимално искуство?

Со цел да се обезбеди долготрајност на подот, пред поставувањето мора да се спроведе пропишан протокол за поставување на подно греење. Во продолжение ви претставуваме неколку важни работи кои мора да бидат земени во предвид.

Бетонската кошулица мора да биде професионално изработена во согласност со стандардите и упатствата на производителот. Површината мора да биде рамна, мазна, чиста и цврста, компактна, сува и без пукнатини. Цевките што содржат топла вода мора да се постават најмалку 35 mm под површината на кошулицата, така што топлината ќе биде рамномерно распоредена. Во случај цевките да не се на доволна длабочина, може да се појават пукнатини на подот. 

Максималната дозволена влажност на кошулицата на кој е поставена подната покривка е: за цементен 1,8%, за анхидриден 0,3%.

Се препорачува период од 21 ден за одмор и сушење на бетонската кошулица (7 дена за анхидридникошулици).

Но сепак, во зависност од дебелината на самата кошулка, правилно и препорачано сушење е 1mm на ден (10 cm кошулка се суши 100 дена). По овој период, се започнува со вклучување на системот за греење според постапката подолу, без временски прекин.

 
1 ден ——————– 25°C
2 ден ——————– 30°C
3 ден ——————– 35°C
4 ден ——————– 40°C
5 ден ——————– 45°C
6 ден ——————– 50°C
7 ден ——————– 55°C
8 -20 ден ————— 55°C
21 ден ——————- 50°C
22 ден ——————- 45°C
23 ден ——————- 40°C
24 ден ——————- 35°C
25 ден ——————- 30°C
26 ден ——————- 25°C
27 ден ——————-

Во моментот кога содржината на влага во подлогата ги исполнува условите за поставување на подот, може да започне со поставувањето. Во спротивно, продолжете со сушење на 40°C додека не се постигнат посакуваните и дозволени параметри. При сушењето, потребно е да се проветрува просторот (без провев).

Пред поставување на подната облога температурата постепено се намалува, 2-3 дена пред почетокот на поставувањето системот се исклучува, односно собната температура се одржува на 18°C. Три дена по поставувањето на подната облога повторно се вклучува системот за подно греење и температурата постепено се зголемува до посакуваното ниво.

Температурата на површината на кошулицата на која е поставена подната облога не смее да надмине 25°C. Оптималната влажност на воздухот во просторијата e 40-60%. 

Дали паркетите на BOEN одговараат за поставување над систем за подно греење?

Искуството ни покажува дека совршено се погодни, а тоа може да има и многу предности. Двослојните и трослојните паркети имаат висока топлинска спроводливост и се идеално прилагодени за поставување над подно греење. Климата во просториите со подно греење е генерално постабилна отколку во просториите со радијатори.

Термичката отпорност на дрвените подови е мала, што значи дека преносот на топлина речиси и не е попречен. Сепак, многу е важно да се обезбеди соодветна клима во просторијата. Препорачуваме дрвените подови да бидат трајно прилепени за подно греење. Тоа значи дека ќе имате трајно стабилен под под вашите нозе. 

BOEN препорачува, при поставување на некои од трослојните паркети над систем за подно греење, да го имате во предвид следново:

  • Дрвените подови целосно прилепени на подлогата обезбедуваат подобар пренос на топлина
  • Максималната моќност на системот за подно греење треба да биде 60 W/m2
  • Температурата на основата треба да биде максимум 27°C
  • Релативната влажност треба да биде помеѓу 30-65%
  • Не треба да има значителни варијации во температурата
  • Пред поставувањето, температурата мора постепено да се намалува, односно системот да биде исклучен 2-3 дена претходно, за потоа, температурата постепено да се зголемува до посакуваното ниво.

Во нашите салони можете да пронајдете понуда на трослојни и двослојни паркети во голема палета на бои, текстури и завршни обработки од овој реномиран бренд, за кои можете да бидете сигурни дека ќе бидат идеалниот избор за поставување над Вашиот систем за подно греење. 

Дел од асортиманот на BOEN можете да погледнете на линкот https://bit.ly/36NygdY, а доколку ви се потребни дополнителни информации можете да го контактирате нашиот продажен тим на телефон: Скопје – 02 30 74 278 / 071 290 220 и Струмица – 034 34 94 19.

Join the conversation

На врвот