Кој е соствот на ламинатот? - Lav Komerc
blog
Posted in

Кој е соствот на ламинатот?

Posted in

Ламинатот е еден од најпопуларните избори за под како во домашни, така и во комерцијални поставувања. Изработен со висок процент на природно дрво во составот, одлична издржливост и отпорност и широка палета на достапни декори и различни димензии, ламинатот е одлично решение за секаков тип на простор.

Но, дали знаете кој е составот на ламинатот?

Ламинатот е фундаментално составен од неколку слоеви.

Слој 1

Најгорниот површински слој се состои од заштитна обвивка која ја штити целата структура од негативните влијанија на надворешните фактори. Покрај тоа, служи како заштита за вториот декоративен слој од абење и гребнатини. Површинскиот слој е составен од специјална целулоза обработена со синтетичка смола за да му даде на подот цврста и издржлива површина.

Слој 2

Под површинскиот слој се наоѓа декоративниот слој, кој му дава атрактивен изглед на ламинатот. Овој слој врши естетска функција, изработен е од специјална хартија на која се нанесуваат различни декори со помош на специјална технологија. Со оглед на нивото на развој на технологијата, производителите имаат можност да ја имитираат текстурата на скоро секој материјал, како различни видови дрво, камен, метал, керамика и други подеднакво естетски привлечни решенија.

Слој 3

Под декоративниот дел се наоѓа дрвеното композитно јадро. Ова е главниот и носечки слој на ламинатот. Направен од влакна со висока густина (HDF), овој слој служи како основа за целата структура. Поради својата висока јачина, цврстина и отпорност на оштетувања, значително ги подобрува перформансите на ламинатот. Колку е поголема густината на носечкиот слој, толку е поголема механичката цврстина на ламинатот. Во истовреме, колку е подебело јадрото, толку ламинатот e постабилен и има помала акустичност.

Со цел слојот да се заштити од влага, производителите користат специјални импрегнации што продираат длабоко во материјалот и ги затвора сите пори. Во некои случаи, може да се користат дополнителни формулации кои обезбедуваат уште повисоко ниво на отпорност на влага.

Слој 4

Во основата на HDF јадрото се наоѓа долниот стабилизирачки слој или подлога – водоотпорен слој кој ја подобрува структурната стабилност и служи како бариера од влага. Подлогата првенствено се користи како средство за балансирање и стабилизирање на даската, а во истовреме има и задача да обезбеди водоотпорност на ламинатот. Овој слој дејствува како „амортизер“, кој ги израмнува неправилностите во основата и ја апсорбира кинетичката енергија при ударите. Mоже да биде изработен од различни материјали и дебелини кои имаат заедничка функција – да обезбедат стабилност и висока отпорност на влага.

Сите три слоја се трајно поврзани со смола, топлина и притисок.

Со разбирање на составот на ламинатот, неговите слоеви и каква функција тие извршуваат, може значително да го зголемите животниот век на подот. Особено горниот површински, кој е издржлив, но може да се оштети од остри предмети. И, ако избегнете такви влијанија, подот ќе трае многу подолго.

Во нашите салони можете да пронајдете широк асортиман на ламинати од реномирани светски производители, со голема палета на различни декори, димензии и карактеристики. Она што е заедничко за сите нив е тоа што со сигурност ќе добиете квалитетен, издржлив и траен под кој ќе ви обезбеди топлина и природен изглед на просторот.

Истражете ја целата колекција на ламинати од повеќе брендови.

Join the conversation

На врвот