Што е градација на паркети и на што се однесува? - Lav Komerc
blog
Posted in

Што е градација на паркети и на што се однесува?

gradacija na parket
Posted in

Поголемиот дел од дрвените подови се класифицираат во различни групи – Calm, Natural, Lively, Rustic итн. Но, што точно значи ова? Градацијата на дрвото генерално се однесува на ознаките, или природните карактеристики, како варијација на боите, бројот на јазли, годови и вдлабнатини и „несовршености“ кои финалниот производ ги поседува.

За жал, не постои единствена дефинитивна рамка што може да се користи како меѓународен стандард за градација на паркети, и критериумите исто така може да варираат помеѓу видовите на дрво. Некои видови дрво, како на пример бука, имаат релативно мирни карактеристики. Други пак, како дабот, се богати по структура, со спектар од смирен до рустикален. Дрвото е производ на природата, а секое дрво има своја структура и индивидуална комбинација на бои. Различни производители може да користат различна класификација, со различни имиња.

Општо прифатено е класификацијата на паркетите да се прикажува како букви, како и комбинацијата од нив – A, AB, ABC и сл. Сепак, одредени брендови за паркети, како BOEN ја прикажува градацијата во три клучни класи, со поделба на паркетите во смирени, разиграни и русични, според нивните главни карактеристики.

Имајте во предвид дека градацијата на паркетите не укажува на тоа дека одреден тип на под е подобар од друг. Некои луѓе претпочитаат едноставност, унифицираност и смирен изглед, додека други претпочитаат повеќе живописен и рустикален изглед со повеќе карактер и природни карактеристики во подот.

Кога бирате нов паркет за домот, не постои правилна или погрешна класа на подот за било каков простор. Ова е многу субјективно прашање и зависи од личните преференци и визијата на дизајнерот на ентериерот. Многу луѓе би се осврнале на смирена или разиграна класа на паркет доколку сакаат да имаат помодерен или минималистички изглед на ентериерот. Класата на паркети со рустичен карактер би се однесувала на потрадиционален изглед на просторот. Сепак, постојат некои исклучоци во ова, бидејќи некои дизајнери на ентериер би направиле комбинација од рустикален под со модерен мебел, што во секој случај изгледа прилично убаво.

При изборот на вистинскиот паркет за вашиот дом, а земајќи ја предвид градацијата што можеби ќе ви се допадне, важно е да се разбере целокупниот изглед со избраниот декор. Обично паркетот со смирена или разиграна класа изгледа подобро во комбинација на светлина или отворен простор. Ако е потребен повеќе среден или темен изглед на просторот, самиот декор би ги направила јазлите, вдлабнатините и несовршеностите на подот, па затоа би било поразумно да се оди со рустикален под.

Погледнете повеќе и добијте подетално објаснување за градацијата на трослојните дабови паркети на бреднот BOEN.

  • Смирен

Вообичаено, паркетите од првата класа се одликуваат со конзистентен раст, униформираност, без или со минмална појава и големина на јазли, имаат релативно мала количина на варијации на бои, како и мали пукнатини или вдлабнатини во даските.

  • Разигран

Оваа класа се однесува на природна градација со продолжена појава на мали до средни јазли, умерен спектар на бои и варијации, ограничена појава на вдлабнатини и пукнатини и помали процепи, со помала рамномерност, но сепак мазен и конзистентен.

  • Рустичен

Овие паркети доаѓаат со практично неограничена големина и број на јазли, присутна е богата структура и живописен раст, богат спектар и варијација на бои, појава на пукнатини и вдлабнатини во повеќе големини, како и природни или наменски несовршености – груби траги од пилата, деформации на површината итн. Паркетот има мазна завршница, но со многу поразновиден целокупен изглед.

gradacija na parketi

gradacija na parketi

gradacija na parketi

gradacija na parketi

Се надеваме дека ова помогна да ги разберете главните разлики во градациите на паркети, што може да ви помогне дополнително да се осигурате дека ќе го добиете вистинскиот паркет што го барате.

Во нашите салони можете да пронајдете понуда на паркети во голема палета на бои и различни класификации од реномираниот бренд BOEN, за кои можете да бидете сигурни дека ќе ви го овозможат посакуваниот изглед во домот. Погледнете дел од асортиманот на паркети, или посетете ги нашите продажни салони во Скопје и Струмица.

Доколку имате дополнителни прашања или ви се потребни повеќе информации за класите на паркети нашиот стручен тим е подготвен за консултација во секој момент. Стапете во контакт со нас за повеќе детали на телефон: Скопје – 02 30 74 278 / 071 290 220 и Струмица – 034 34 94 19.

Join the conversation

На врвот