Која е предноста на Kaindl Aqua Pro подовите? - Lav Komerc
blog
Posted in

Која е предноста на Kaindl Aqua Pro подовите?

Kaindl Aqua Pro
Posted in

Водоотпорните подови од колекцијата Aqua Pro на Австрискиот бренд Kaindl се иновација посветена на издржливоста. Поради нивните исклучителни карактеристики, тие се исправени пред сите предизвици на секојдневното живеење во било кои станбени или деловни простории.

Посебна карактеристика на овие издржливи подови е нивната органска подлога Aqua Pro, која е исклучително отпорна на влијанието на влагата, како и специјалните профили со самозатворачки елементи за поврзување во комбинација со обработени рабови кои ја одбиваат влагата.

Нивното композитно јадро, кој е главниот и носечки слој на ламинатот, користи дополнителни формулации кои обезбедуваат значително високо ниво на отпорност на влага, со што овие подови ги прави погодни за поставување во различни типови на простории, како простории кои се изложени на поголема влажност или комерцијални објекти.

Покрај тоа, површините од овие ламинати имаат исклучително робусни и отпорни перформанси, како и антибактериски својства. Сите овие карактеристики им даваат на подовите Aqua Pro издржливост и отпорност на гребење и абење. Тие се одличен избор за области како бањи и кујни, каде што предностите на овие карактеристики ќе дојдат до израз.

Од друга страна, линијата Aqua Pro нуди исклучително атрактивни декори. Достапни се различни облоги на површини – од висок сјај до ултра мат облоги, а палетата на декор е навистина колоритна – од светли и смирени нијанси до темни и живописни декори.

Покрај тоа, Kaindl е единствен производител во Европа кој користи екстра висок процент – над 93% на природно дрво во своите ламинати.

Истражете го целиот асортиман на Kaindl Aqua Pro во нашиот салон на Бул. Илинден бр.160 позади Skopje City Mall.

Join the conversation

На врвот