Како да одберете под за вашата канцеларија? - Lav Komerc
blog
Posted in

Како да одберете под за вашата канцеларија?

Posted in

Секој сака работниот ден да го помине во простор каде што ќе се чувствува удобно, нели? При опремување на канцелариски простор, покрај естетиката, особено е важно да обрнете внимание на квалитетот на материјали кои ги вградувате. Некои се одлучуваат за традиционални, а други за модерни ентериери, но факт е дека, покрај добрата услуга, бизнис објектите имаат за цел да остават добар впечаток и со атрактивен простор.

Па, како да го одберете вистинскиот под за вашата канцеларија?

Подот зафаќа голема површина од просторот, па на тој начин одредува кој стил на мебел, боја и детали најдобро ќе одговараат. Освен изгледот, погрешниот избор може дополнително да бара поголеми трошоци поради наглите потреби за реновирање, па ако изберете соодветен под на почетокот, ќе ги намалите дополнителните трошоци понатаму.

Еве на што треба да обрнете внимание:

  • Земете го во предвид оптеретувањето – колку тоа е поголемо, потребно е и подот да биде поотпорен за да издржи одредени механички оштетувања.
  • Ако во вашиот објект има голема фрекфенција на луѓе, треба да изберете издржлив под кој е отпорен на абење.
  • Исто така за високо фрекфентни простории изберете под кој ја намалува бучавата и има високо ниво на заштита од удари.
  • Особено важно е подот да е отпорен на влага и течности и лесен за одржување.
  • Одберете под кој содржи дополнителен површински слој кој спречува нечистотијата да навлезе подлабоко.
  • Земете ја во предвид и површината на подот, одберете површински третман кој не ги истакнува гребаниците и оштетувањата.
  • Доколку подот се поставува на подно греење треба да се земат во предвид димензионална стабилност и топлотната спроводливост, па затоа подлогата на која се поставува подот треба да е професионално припремена и да се внимава на влажноста на воздухот во просторот.

Доколку не сте сигурни кој тип на под е соодветен за вашиот нов канцелариски простор, нашиот стручен тим е подготвен во секој момент да ве советува при изборот. Во нашите салони можете да пронајдете богат асортиман на подови погодни за комерцијални простории.

Истражете ја целата понуда на квалитетни и долготрајни паркети, ламинати или еластични подови од реномирани светски брендови.

Join the conversation

На врвот