Дали ламинатите одговараат со систем за подно греење? - Lav Komerc
blog
Posted in

Дали ламинатите одговараат со систем за подно греење?

Posted in

Системите за подно греење стануваат сè поприфатлив и распространет метод за греење во многу објект. Но, пред да изберете под кој ќе го поставите во вашиот објект, задолжително мора да се провери дали тој е погоден за инсталација над овој систем. 

Па, дали ламинатите се едни од нив?

Ламинатите се едно од најприфатливите решенија во секаков тип на простории. Поставувањето е едноставно, а воедно и економично решение. Ламинатот е издржлив, отпорен и еколошки под, и тој всушност претставува идеална замена за дрвото. За да има функционално подно греење, потребно е да се обезбеди добра топлинска спроводливост на ламинатот. 

Ламинатите добро соработуваат со топлинската енергија при подно греење. Важно е да се нагласи дека само одредени видови ламинати можат да одат во комбинација со системите за подно греење, а се однесува на оние ламинати во класата на обработка помеѓу 32 и 33. 

Поради нивните одлични карактеристики, ламинатите имаат висока топлинска спроводливост и се идеално прилагодени за поставување над систем за подно греење. Сепак, при монтажата, мора строго да се почитуваат правилата и препораките за да не се оштети ламинатот за време на инсталацијата.

Во нашите салони можете да пронајдете широка палета на ламинати од реномирани светски производители кои се погодни за поставување над систам за подно греење. 

Join the conversation

На врвот